Прославата на Ѓурѓовден, патрониот празник на Општина Кисела Вода кој традиционално општината секоја година го прославува, во спортската сала „Независна Македонија“ преку изведби на музички и ритмички точки ja збогатија учениците од општинските основни училишта и јавните детски градинки.
Овој голем мултимедијален настан го проследија градоначалникот, Филип Темелковски, претседателот на Советот на Општина Кисела Вода, Дарио Шимиќ, члeновите на Советот на Општината: Зоран Ацевски, Емилија Трајковска и Дарко Филиповски. Пристуни беа и претставници од Секторот за образование, предучилишно воспитување, култура и спорт.
На настанот во спортската сала медицинска екипа на Црвен крст спроведе акција за бесплатно мерење на крвен притисок и шеќер во крвта. Оваа можност ја искористија околу 50 граѓани.
Локалната самоуправа по 21 - пат го прослави својот патронен и најголем пролетен празник Ѓурѓовден.