05/08 2019
Општина Кисела Вода информира дека од 14.05 до 11.06.2019 година, секој вторник со почеток од 11:00 часот во организација на Агенцијата за млади и спорт во градскиот парк во Скопје, на „Школка“ сите пензионери бесплатно ќе имаат можност со искусниот тим на Powerhouse Pilates да вежбаат, да спортуваат.
![](/images/2019/Maj/Joga_/4.jpg)
Активностите на пензионерите ќе бидат исполнети со многу забавни настани на кои тие ќе се дружат и подобро ќе се информираат за придобивките од вежбањето на различни спортски дисциплини.
Агенцијата за млади и спорт, кампањата на ЕУ „БидиАктивен“ преку проектот „Европска недела на спортот“ ја реализира со намера да ја потикне повозрасната популација да биде поактивна и да се стекне со спортски навики.