На овој забавен настан ученците од општинските основни училишта и двете училишта за деца со пречки во развојот лоцирани во Кисела Вода пред присутните преку изведбите на бројните музичко-ритмички точки и одлично насликаните ликовни дела го покажаа својот талент. Настанот во Кисела Вода се одржа по деветти пат.
Општината и во иднина ќе продолжи да организира и да поддржува настани што ќе имаат за цел пронаоѓање на нови таленти помеѓу учениците.