Основците од сите училишта на територија на општина Кисела Вода, предводени од своите наставници по физичко воспитување, имаа можност да се дружат и да учествуваат во одредени активности како, спортски лавиринт, скокање на јаже и мали пријателски спортски натпреварувања, како и да се запознаат со некои од нашите Амбасадори на Европската недела на спортот.
Сите овие активности се во насока на зајакнување на спортскиот дух и поттикнување на и здравите навики на живеење.
Општина Кисела Вода во многу наврати и со бројни проекти потврдува дека се залага за развој на спортот на локално ниво, за што говорат и многу успеси од страна на наши ученици, дури и на меѓународно ниво. Учеството во настанот што го организираат го координираат вработените во Агенцијата за млади и спорт, е само еден од нив.
Европската недела на спортот трае од 23-30 септември. Преку неа, се предвидува активно вклучување на граѓаните во спортот, индивидуално и институционално унапредување и промовирање на стилови за водење грижа на здрав живот на секој поединец.