Во насока на потврда на спортскиот квалитет и активно вклучување во спортското чествување на денот на независноста, Општина Кисела Вода со два спортски настани ќе се вклучи во неделата на спортот.
В четврток (05.09.2013), со почеток во 12:00 часот, во шаховската школа “Ристо Ничевски” во нас. “Расадник”, ќе се одржи шаховски натпревар помеѓу најдобрите ученици-шахисти од сите осум основни училишта во општината.
Веќе во петок (06.09.2013), со почеток во 12:00 часот, општината организира ревијален турнир во мал фудбал, во кој учество ќе земат екипите од училиштата: “Круме Кепески”, “Кирил Пејчиновиќ”, “Невена Георгиева – Дуња” и “Кузман Шапкарев”. Турнирот ќе се одржи на новото повеќенаменско спортско игралиште во нас. “11-ти Октромври – згради”, кое општината во насока на развој на спортот, го изгради минатата година.