За почеток, во сите основни училишта и градинки на територија на општината ќе бидат евидентирани сите зелени површини, дрва и останати насади. Сите информации за урбаното зеленило во Кисела Вода ќе бидат поставени на официјалниот Катастар за зеленило кој ќе биде достапен и на официјалниот веб портал на Општина Кисела Вода.
Изработката на Катастарот на зеленило има за цел полесно и планско управување со истото, што подразбира негово подигање, одржување, заштита и реконструкција во насока на изработка на квалитетна стратегијата за развој на зеленилото на подрачјето на градот.