Специјално возило на Црвен Крст, со медицински тим, и волонтери на Црвениот крст патролира низ улиците во општина Кисела Вода, по потреба медицински интервенираат и ги транспортираат лицата на кои високите температури им предизвикале здравствени проблеми до нивните домови. Воедно, на најфреквентните локации во општината се дели вода.
Во поглед на своите вработени, Општина Кисела Вода, согласно дадените препораки од Министерството за здравство врз основа на заклучоците на Комисијата за следење на ефектите од високите температури согласно Акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови ги ослободи од работните обврски бремените жени и лицата на возраст над 60 години. Воедно, апелираме до сите наши жители да ги следат препораките и во целиот летен период и да ги почитуваат општите мерки за заштита на здравјето, за кои докторите секојдневно информираат.