Првиот 3х3 Fiba endorsed турнир „Кисела Вода 2019“, на 30 и 31 август, со почеток во 17 часот ќе се одржи на спортските терени во училишните дворови на ООУ „Рајко Жинзифов“ во населбата Драчево и СЕПУГС „Васил Антевски – Дрен“. На истиот покрај официјалниот 3х3 турнир на кој што ќе учествуваат најдобрите 16 екипи, кои ќе играат по официјални 3х3 правила, ќе биде организиран и „Баскет турнир“ по стари маалски правила. На 1 септември со почеток во 22:00 часот финалниот натпревар ќе се игра во дворот на СЕПУГС „Васил Антевски – Дрен“. За најдобрите КК „Ангели“ од Кисела Вода обезбеди награден фонд од преку 100.000 денари.