Продолжување на Јавниот повик за вклучување во Програмата за општинско корисна работа за 2019 година
Проектот “УЧИМЕ, СЕ ВОСПИТУВАМЕ, ДРУГАРУВАМЕ” ќе овозможи работно ангажирање со скратено работно време на евидентирани невработени лица за период од девет месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд. Се работи за ангажман од дваесет работни часови неделно, при што за време на истиот, статусот на невработените лица останува непроменет, а на невработените лица-корисници на социјална помош ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.
Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата.
За кандидатите кои ќе бидат избрани општинско-корисната работа, се предвидува паричен надоместок во висина од 9.000,00 денари месечно, со вклучен персонален данок на доход и осигурување од случај на несреќа при работа и професионално заболување.
Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:
- долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција, со предност на невработени лица над 5 години)
- млади лица до 29 години
- лица постари од 50 години
- самохрани родители
- родители на деца со пречки во развојот
- родители на 3 и повеќе деца
Заинтресираните невработени лица, Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да подигнат и поднесат во Општина Кисела Вода во периодот од 21.08.2019 година до 23.08.2019 година од 08:30 до 16:30 часот секој работен ден.
Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во Општина Кисела Вода кај лицето Елизабета Јаневска на тел. 02/ 2785-418, Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување- Центар за вработување на Град Скопје кај лицето Никола Ѓуровски, Центар за социјална работа П.Е Кисела Вода кај лицето Надица Недиќ.
Огласот е достапен на веб страницата на Општина Кисела Вода на следниот линк: