Со цел да се подобрат условите за децата и вработените во училиштето, Цементарница АД УСЈЕ Скопје во соработка со Општина Кисела Вода врши целосна санација на 6 тоалети со по 3 кабини. Вкупно 18 кабини ќе добијат нова санитарна, канализациска, водоводна и електрична инсталација.
Ѕидовите на внатрешниот дел од тоалетите се обновуваат со абриб фасада и на нив се поставуваат нови плочки. Покрај ова, во дел од ходниците на училиштето се поставуваат и лед светилки. Во ООУ „Кузман Јосифовски-Питу“ новата учебна година настава ќе посетуваат 636 ученици.
Одличната соработка помеѓу Општина Кисела Вода и Цементарница УСЈЕ АД Скопје ќе продолжи и во иднина.