Општина Кисела Вода изминатиов период во дел од училиштата изврши обнова на училници, тоалети и останати простории, со што видно ги подобри условите за децата и вработените.
Проектите на градоначалникот Филип Темелковски за обновување на училиштата во надлежност на Општината ќе продолжат да се реализираат и во текот на оваа учебна година.
Градоначалникот Филип Темелковски во негово име и во име на Општина Кисела Вода на сите ученици им посакува успешни и среќни училишни денови.