Во рамки на проектот „Учиме, се воспитуваме, другаруваме“ во текот на оваа учебна година, 30 образовни асистенти ќе им помагаат на учениците со потешкотии при усвојувањето на наставната програма.
Од вкупно ангажираните асистенти, Општина Кисела Вода обезбеди средства за 10, а за останатите 20 средствата се обезбедени од страна на УНДП.
Градоначалникот Филип Темелковски денеска во просториите на Општината, на потпишувањето на договорите за работа оствари средба со дел од образовните асистенти и им посака успешна работа.