09/13 2019
Со инвестицијата на Општина Кисела Вода, на улицата ќе се изврши гребење на постоечкиот асфалт и ќе се постави нов во должина од 600 метри и ширина од 7 метри.
Со цел за непречено одвивање на работните активности на улицата, локалната самоуправа апелира до граѓаните во наредните 10 дена да не ги паркираат возилата на тротоарите. Воедно, се замолуваат учесниците во сообраќајот за трпение и разбирање.