ЈП,,Комунална хигиена" – Скопје ќе постави три специјални садови (контејнери), во кои граѓаните ќе можат да го одлагаат кабастиот отпад на следниве локации :
- Кисела Вода – контејнерот ќе биде поставен на ул.14 Декември - кај ,,Гет Кафе" (до контејнерите)
-11 Октомври - згради – контејнерот ќе биде поставен во ,,Парк Пушкин" (кај контејнерите)
- населба Драчево – контејнерот ќе биде поставен на ул.Ратко Митровиќ - кај Спортската сала
Ги замолуваме сите граѓани отпадот да го одлагаат во точно предвидените термини и локации.
Вон определениот датум не е дозволено одлагање на кабастиот отпад.