09/08 2013
Детските игралишта се опремени со лулашки, лизгалки, клацкалки, мост и други детски реквизити, а поставена е и урбана опрема, односно клупи и корпи за отпадоци за посетителите.
Игралиштата се заградени, соодветно осветлени и ќе претставуваат вистинско место каде најмладите ќе можат да го поминуваат своето слободно време низ игра и забава.