На 11 Октомври, 1941 година во Прилеп македонските партизани го извршија првиот организиран напад над фашистичките сили. По овој напад, во сите градови и села беше отпочната сенародната вооружена борба за слобода на Македонија.
Македонскиот народ покрај борбата за својата слобода даде голем придонес во победата над најтемната идеологија на светот, нацизмот и фашизмот.
Во Кисела Вода во чест на учесниците во востанието три училишта ги носат имињата на најистакнатите партизани: Невена Георгиева - Дуња, Кузман Јосифоски - Питу и Васил Антевски - Дрен. Покрај ова, една урбана заедница го носи името на уште еден истакнат учесник во НОБ, Цветан Димов. Со датумот на почетокот на востанието именувани се урбаните заедници 11 Октомври - згради и бараки.
Нека ни е честит празникот.
На фотографијата е Невена Георгиева - Дуња, прва жена партизан во македонските партизански одреди.