За таа цел, Општина Кисела Вода неодамна објави јавен повик преку кој ги повикува сите подобни и квалификувани понудувачи да дадат запечатени понуди за градежни работи кои вклучуваат енергетска обнова на градинката.
Процесот на понудување се спроведува преку процедури за национално јавно наддавање како што е специфицирано во упатството на Светска банка. Повикот е отворен за сите понудувачи од подобните земји како што е дефинирано во тендерската документација.
Сите заинтерсирани подобни понудувачи во временскиот период од 08:30 до 16:30 часот информации за јавниот повик може да добијат во просториите на Општина Кисела Вода, лоцирана на ул. „Петар Делјан“ бр.17, на веб страна на Општината, на телефонскиот број 0389/022785-417 и на електорнската адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..