Игралиштето кое се простира на површина од 350 квадратни метри покрај различните реквизити за забава на најмладите уредно е и со нова урбана опрема, повеќе клупи и корпи за отпадоци.
Од почетокот на мандатот на градоначалникот Филип Темелковски во Кисела Вода обновени се сите стари детски игралишта, а изградени се и неколку нови.
Локалната самоуправа продолжува да работи во насока да обезбедува простор за дружба и психомоторен развој на децата.