На часот, кој се одржа во рамки на проектот „Приказна за инструментите“, учениците од трето и четврто одделение научија нешто повеќе за класичната музика, за примената на музичките инструменти и за тоа како со истите се создава звук/мелодија.
Покрај ова, децата имаа можност на инстурментите на едукаторите-професионални музичари да се обидат да засвират.
„Приказната за инструментите“ е приказна за четири прекрасни принцези кои претставуваат по еден инструмент, нејзиното височество флејтата, виолината, виолончелото и нејзината кралица пијаното. По кратката мелодија на секоја од нив следува приказна за настанокот на секој инструмент, неговиот развој во текот на годините и примената во музиката, за на крајот сите инструменти заедно да музицираат.