Македонските партизани пред 75 години, по повеќе часовни вооружени борби против окупаторските сили на 13 Ноември донесоа слобода и мир во Скопје. Партизанските бригади во борбата против фашистите до конечното ослободување постојано добиваа помош од жителите на градот. Со оваа вооружена борба македонскиот народ уште еднаш докажа дека е страната на цивилизациските вредности.
Одбележувајќи го овој голем ден, се сеќаваме на сите партизани кои со своето херојство се спротивставија на најголемото зло и придонесоа Скопје да се развие во модерна метропола.
Нека ни е честит 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје од фашистичка окупација.