11/21 2019
На едукативниот настан кој ќе се одржи во рамки на проектот „Мобилни тимови за правна поддршка на поединци и семејства со ниски приходи“ присутните ќе имаат можност да се запознаат со тоа како да добијат бесплатна правна помош и права од социјална заштита. Настанот е наменет за жителите на Општина Кисела Вода.
Проектот на Македонското здружение на млади правници се реализира со финансиска поддршка од Европската унија.