На ова предавање, кое e во рамки на проектот на Општина Кисела Вода за „Едукација на учениците во рана адолесценција“, децата научија како да се заштитат од непланирана бременост, од сексуално преносливи болести, а се информираа и за современата контрацепција.
За одредени можни здравствени проблеми беше нагласено и потребното редовно посетување и советување со гинеколог.
Едукативните предавања за деветтоодделенците од Кисела Вода ќе продолжат да се одвиваат во сите општински основни училишта. Истите ги држи доктор Емилија Трајковска, специјалист гинеколог-акушер.