11/28 2019
Во должина од околу 100 метри и ширина од 5 метри работниците на Општината заедно со нивните колеги од комуналното претпријатие рачно и со помош на механизација собраа вкупно 300 кубни метри отпад.
Локалната самоуправа и во следниот период ќе продолжи со активности за чистење на депониите и каналите. Општината апелира до граѓаните да не одложуваат отпад на јавни површини, да го почитуваат Законот за јавна чистота.