Истовремено, Беличанец – Алексиќ потенцираше дека Владата на РМ, за олеснување и забрзување на овој процес воведе широка плејада на мерки, со кои се овозможи на социјално ранливите категории да плаќаат половина од цената за геодетските елаборати.
-“Оваа поволност треба да биде дополнителен стимул за сите корисници на социјална парична помош, корисниците на постојана парична помош, како и самохраните родители на деца со пречки во развојот. Нека ја искористат можноста што им ја дава државата и час поскоро нека ја заокружат процедурата за легализација” – изјави Беличанец - Алексиќ.
Таа укажа на тоа дека бенефитот од успешно заокружување на процесот на легализација ќе биде заеднички. Граѓаните ќе станат сопственици на нивните имоти, а општината ќе може да донесе нови детални урбанистички планови, во кој ќе бидат впишани и новолегализираните објекти, што е и крајна цел на овој процес.
-“Токму затоа, Општина Кисела Вода веќе започна со носење на неколку клучни урбанистички планови, кои се во согласност со новиот ГУП на Град Скопје, а се во насока на рамномерен просторен развој, рационално уредување и користење на просторот и создавање услови за хумано живеење и работа на граѓаните. Со новите детални урбанистички планови, на граѓаните и бизнис заедницата им даваме шанса за изградба на нови објекти и проширување и реконструкција на постоечките” – заврши Беличанец - Алексиќ.