Во рамки на третото коло од женската кошаркарска јадранска лига (WABA) за кошаркарки до 17 години, во спортската сала „Независна Македонија“ со почеток во 10:00 часот првиот натпревар ќе го играат девојките на ЖКК „Бадел 1862“ од Кисела Вода против екипата на ЖКК „Брод“ од Хрватска. По овој натпревар, од 12:00 часот силите на теренот ќе ги одмерат кошаркарките на ЖКК „Струга 2009“ и хрватскиот клуб „Брод на Сави“, а од 14:00 часот ќе се натпреваруваат клубовите „Брод“ и „Струга 2009“. За крај на спортската недела, од 16:00 часот ќе играат ЖКК „Бадел 1862“ и ЖКК „Брод на Сави“.