Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски заедно со претседателот на Советот на Општината, Дарио Шимиќ во Католичката катедрала „Пресвето Срце Исусово“ синоќа присуствуваше на божиќната миса, предводена од бискупот Киро Стојанов.
По повод Божиќ, градоначалникот Темелковски заедно со претседателот на Советот на Општината Шимиќ, вчера го посети католичкиот манастир на Сестрите мисионерки на љубовта. Темелковски и Шимиќ на децата кои живеат во манастирот во Кисела Вода им поделија новогодишни пакетчиња.
Почитувани католици,
Општина Кисела Вода Ви посакува убави празнични денови.
Христос се роди!
Навистина се роди!
Среќен Божиќ!
Merry Christmas!
All the best!