Дебатата беше организирана од градоначалникот Филип Темелковски и Советот на Општина Кисела Вода, кои на овој начин сакаа да дадат свој придонес во справувањето со овој горлив проблем кој најмногу ги засега жителите на Општина Кисела Вода, каде е лоцирана фабриката АД ОХИС. Здруженијата на граѓани, жителите на општината и медиумите имаа можност да постават прашања и да добијат одговори од надлежните институции.
Присутни беа претставници од Друштвото за собирање и примарна преработка на отпадоци извоз-увоз Екоцентар 97 ДООЕЛ, претставници од Државниот инспекторат за животна средина, од Град Скопје, како и стечајниот управник на АД ОХИС.
Ова нема да биде единствен настан на оваа тема кој е поврзан со ова прашање. Општина Кисела Вода и понатаму ќе продолжи во своите заложби за обезбедување на здрава животна средина за своите граѓани.