При ова гостување „баделки“ одигра два натпревари. Жолто-сините на првиот одигран натпревар убедливо го победија домаќинот „ГАК КАНГАРООС“, со резултат 84:35.
Додека на вториот натпревар, кој беше крајно неизвесен „Бадел“ изгуби со два поени разлика од досега непоразената екипа „Ледита“ од Домжале, Словенија, со резултат 57:59.
Со овие резултати, девојките на „Бадел 1862“ имаат биланс од три победи и три порази, што е доволно да го заземат четвртото место на табелата.
Следниот месец преостанува да се одигра последниот турнир во Струга.