За таа цел, претседателот на Советот на Општина Кисела Вода, Дарио Шимиќ денеска во ЈДГ „8 - ми Март“, во објектот „Расадник“ и ЈДГ „Весели Цветови“ на децата им подели маски за заштита од загадениот воздух. Шимиќ на дечињата им објасни како и зошто треба да ги носат истите.
Заштитни маски ќе им бидат поделени на децата во сите објекти на ЈДГ „Весели Цветови“ и ЈДГ „8 - ми Март.
Доделувањето на маските е дел од мерките кои Општина Кисела Вода ги презема за заштита на здравјето на најмладите свои жители.