Согласно потпишаниот Меморандум, во Општина Кисела Вода ќе се реализира проектот „Вело Училишта“ креиран од страна на „Еко Логик“ кој ќе има за цел да го зголеми и унапреди знаењето за темите велосипедизам, одржлив транспорт и безбедност во сообраќајот кај учениците, нивните родители, наставниците и пошироката јавност од Општина Кисела Вода. Во проектот ќе бидат вклучени сите општински основни училишта од Општината.
Преку проектот „Вело училишта“ во Република Северна Македонија е оформена првата официјална мрежа на општинските основни училишта кои активно, посветено и редовно ќе работат на темите велосипедизам, одржлив транспорт и безбедност во сообраќајот.
Проектот „Вело Училишта“ е подржан од страна на Швајцарската агенција за развој и соработка и истиот е со времетраење до Јуни 2020 година. По добиени препораки од Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието, проектот „Вело Училишта“ ќе биде имплементиран во наредните 5 години со можност за продолжување.