Од денес па во наредните денови, со механизација ќе се собира со години таложениот отпад на потегот од крстосницата "Жил Верн" со "Есенинова". После чистењето, отпадот ќе биде депониран во Дрисла, а на теренот ќе биде извршено рамнење.
Ова е уште една од активностите на Општина Кисела Вода и Градот Скопје во насока на обезбедување на почиста животна средина за сите жители од овој дел на градот. Во наредниот период се планирани повеќе вакви и слични интервенции. Сепак, уште еднаш апелираме и до граѓаните за совесно однесување и почитување на Законот за јавна чистота. Дивите депонии ја уништуваат животната средина и го загрозуваат здравјето на луѓето.