02/13 2020
Поставените платоа пред главните влезови на училиштата имаат за цел да ја зголемат безбедноста на учениците кои секојдневно ги преминуваат прометните улици.
Во перидот што следува активностите за поставување платоа ќе продолжат.
Општина Кисела Вода во соработка со Градот Скопје ќе продолжи да работи во насока за подигнување на безбедноста на улиците, како за учениците така и за сите учесници во сообраќајот.