Во периодот што следува на улицата „Живко Фирфов“, во населбата Драчево во должина од 880 метри ќе биде извршена целосна санација. На истата од двете страни ќе се обноват тротоарите, а ќе биде поставено и ново улично осветлување/лед светлосни арматури.
Имплементацијата на активностите кои произлегуваат од Проектот за поврзување на локални патишта од страна на инвеститорот, Министерството за транспорт и врски ќе ги спроведува единицата за имплементација на проекти од Светска банка.