На натпреварувањето учество зедоа вкупно 209 извидници, од 5 извиднички одреди.
Во периодот од 09.00 - 17.00 часот, општината беше преплавена од четирчлени натпреварувачки екипи извидници, кои поминуваа 6 контролни точки (важни објекти и знаменитости) низ општината Кисела Вода.
За најдобрите екипи беа обезбедени пехари и дипломи за Одредите учесници.
Натпреварот беше организиран во две категории според возраста на учесниците.
Победници во категоријата “Развигорци“ (извидници на возраст до 5 одделение) се извидниците од ИПО Галеб Скопје.
Победници во категоријата “Помлади извидници“ (извидници на возраст до 8 оделение) беа извидниците од Извидничкиот Одред “Методија Митевски- Брицо“ Скопје.
За сите учесници беа обезбедени амблеми, сендвичи и сокови.
Коментари