Ги повикуваме сите граѓани да не се собираат и да не ги користат овие рекреативни зони. Воедно,согласно Владината одлука, од вчера целосно се забранува собирање во група на повеќе од пет лица, во паркови и на други јавни места и јавни површини. За оваа цел, се интензивираат и контролите на Министерството за внатрешни работи и Армијата на Република Северна Македонија. Со оглед на тоа што има податоци дека многу често мерките не се почитуваат, во текот на денешната седница на Владата ќе биде предложено заострување на одредени мерки, посебно во делови од државата каде е регистрирано непочитување.