Сите заинтересирани може да се пријавуваат на електронската адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., додека пријавата за јавниот повик, која е потребно да се пополни и испрати најдоцна до утре 10.04.2020 година, до 12:00 часот може да ја симнат на следниот линк: https://www.kiselavoda.gov.mk/content-data/Izvestuvanja/prijava-za-rabota.pdf.
Локалната самоуправа ги замолува економските оператори и маркети, заедно со пријавата во прилог да испратат и скенирана копија од ДРД образец.
Пријавите од економските оператори и маркети, по разгледувањето ќе бидат проследени до Полициските станици – Кисела Вода (Пролет) и Драчево.
Во овие тешки времиња, со цел за успешно, побрзо справување со вирусот, Општина Кисела Вода замолува за почитување на мерките и препораките дадени од Владата и Министерството за здравство.