При посетата на СВР Скопје, полициските станици и пунктови, градоначалниците и заменик министерката за внатрешни работи упатија голема благодарност до полицајците за деноноќниот ангажман кој има за цел оддржување на редот и мирот во градот, а е во насока на спречување на ширењето на вирусот „Ковид 19“.
Градоначалниците и заменик министерката за внатрешни работи на полициските службеници во знак на поддршка им поделија освежителни пијалаци.
Градоначалникот Филип Темелковски уште еднаш повикува за почитување на мерките и препораките дадени од Владата и Министерството за здравство. Темелковски на сите граѓани од православна вероисповед им посакува убава празнична вечер, а воедно упатува поддршка и поздрави до сите вклучени во спречувањето на вирусот „Ковид 19“.