Вчера парковското зеленило беше целосно средено во Расадник. Акцијата за косење на тревата, денеска продолжува да се одвива покрај железничките пруги на трим патеката, во должина од околу 2 километри, од почетокот на влезот на Кисела Вода па се до булеварот „Србија“, во општината Аеродром. Во моментов, тревата се коси и во населните места Драчево, Пинтија, Стаклара и Усје.
Во сабота тревните површини ќе се косат во УЗ „Кисела Вода“, во понеделник во УЗ „Цветан Димов“, а во вторник во урбаните заедници „11 Октомври“ - згради и бараки. Активностите ќе финишираат во среда во Црниче, Пржино и Припор. Покрај средувањето на зеленилото, во парковите се расчистуваат отпадоците одложени од страна на несовесните граѓани.
За успешно спроведување на активностите за косење на тревата, Општината вклучи 40 сезонски работници.