Насловен "Започни со тоа што е задолжително, потоa направи го тоа што е можно и одеднаш го правиш невозможното", календарот нуди 31 активност преку кои, како што се вели, ќе се сочуваме себеси и останатите. Покрај ова, овие специјални едукатори и рехабилитатори, заедно со учениците од ДУРМДОВ “Димитар Влахов”, изработија и видео во кое учениците раскажуваат како ги минуваат деновиве во кои ги почитуваат Владините препораки- да се седи дома и да се биде безбеден и за себе и за околината. Видеото е достапно на следниот линк: https://www.youtube.com/watch?v=P4uH8MgIdjk&feature=youtu.be&fbclid=IwAR11d6cJXKibpsf5hahD7p0JWNmYJNKQ8HUdzv9bBVl_aE_DVAl8lYhDKKE