Во периодот што следува, Општината во населбата Пржино во должина од 1218 метри и ширина од 5,50 метри ќе изврши целосна реконструкција на ул. „Милан Мијалковиќ“. На улицата, со ширина од 1,5 метри ќе бидат обновени и тротоарите од двете страни.
Локалната самоуправа во истовреме, големи градежни зафати ќе започне и во урбаната заедница „Цветан Димов“, каде во следните 8 месеци во должина од 2658 метри ќе се поставува нова атмосферска канализација. По завршувањето на овој зафат бенефит од него ќе имаат над 1500 жители.