Таа ги повика сите родители кои ги исполнуваат критериумите заедно со барањето да достават лична карта или друг документ за лична идентификација, извод од матична книга на родените за новороденчето, како и фотокопија од трансакциона сметка. Рокот за поднесување на барањата е 90 дена од моментот на раѓање на детето.
-“Искрено сметам дека ваквата мерка која ја донесовме заедно со Советот на Општина Кисела Вода е во вистинско време и потенцирам дека истата ќе се запази се до крајот на истекот на мојот мандат” – потенцираше градоначалникот Беличанец - Алексиќ.
Од воведувањето на оваа мерка од страна на општината, досега се доделени вкупно 106 ваучери за еднократна парична помош на семејства со новороденчиња.
-“Да ви се живи и здрави, големи да растат. Ви посакувам да се гордеете со нив, а покрај вас и ние како општина” - им порача градоначалникот Беличанец – Алексиќ и им честиташе на родителите.