Од почетокот на прекинот на наставата во нашата држава, училиштата во надлежност на Општина Кисела Вода преку онлајн далечинско учење реализираа богата наставна програма.
Учениците со помош на наставниците и своите најблиски, во домашни услови имаа онлајн часови по сите наставни предмети.
Училиштата реализираа активности за идната професионална ориентација на учениците од деветто одделение, а покрај ова, децата имаа и воннаставни активности.
Учениците сликаа цртежи и по повод одбележувањата на повеќето домашни и меѓународни денови.
Општина Кисела Вода на сите наставници, родители, старатели, баби и дедовци на учениците, им благодари за вклученоста во воспитно-образовниот процес, а воедно на учениците од следната учебна година им посакува среќна дружба во училишните дворови и нормално одвивање на наставата.