За досегашната успешна соработка, градоначалникот Филип Темелковски, плакети им подели на градоначалникот Петре Шилегов, која во негово име ја прими претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева, на амбасадорот на Словачка, Н.Е. Хенрик Маркуш, на директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, на Амбасадата на Руската федерација, на директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, Никола Бабовски.
Плакети во знак на благодарност добија и сите останати соработници на Општина Кисела Вода.
Градоначалникот Темелковски благодарници им подели на учениците првенци на генерација, на наставниците за вложениот труд и за успешното завршување на учебната година во вонредни услови и на спортските работници, кои секогаш прават се да ги привлечат младите на спортските терени, а со тоа и да им го покажат правиот пат.
Градоначалникот Филип Темелковски на учениците им честиташе за постигнатите успеси и им посака успешно продолжување на образованието, а на наставниците им се заблагодари за се што прават за правилен развој на децата.
По повод прославата, свечена седница одржа и Советот на Општина Кисела Вода на која говореше претседателот на Советот, Дарио Шимиќ.
Нека ни е честито 65 годишното постоење на Општина Кисела Вода!
Албум со фотографии:
https://www.facebook.com/media/set/?set=a.4032078070200115&type=3