08/17 2020
Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради уличен дефект на булевар „Борис Трајковски“ 11/1. Прекин во водоснабдување утре од 9 часот ќе имаат и дел од корисниците лоцирани на улицата „Христо Смирненски“. Прекинот е поради изведување водоводен приклучок на оваа улица. Корисниците ќе бидат без вода се до санирање на дефектите.