Само со хуманост, без разлика на кому му е потребна помош, ќе успееме да направиме среќни насмеани лица, без разлика на нивната политичка, етничка, родова, верска и друга припадност.
Во ова време на пандемија им благодариме и на сите вклучени во борбата со вирусот „Ковид-19“, на сите што ги ризикуваат своите животи за побрзо справување со истиот, на сите кои доставуваат помош на оние лица на кои истата им е најпотребна.
И благодариме на Европската унија за досегашната огромна помош на нашата држава. Им благодариме и на сите пријателски земји кои ни помогнаа во справувањето со вирусот.
Меѓународниот ден на хуманоста, се одбележува во знак на сеќавање на бомбашкиот напад кој се случи на 19 август во 2003 година, во кој во Багдад, во Ирак животите ги загубија 22 хуманитарни работници.
Во 2009 година, Генералното собрание на Обединетите нации го официјализира 19 август како Светски ден на хуманоста.
„Ако не можете да нахраните сто луѓе, нахранете само еден човек“ - Мајка Тереза
#WorldHumanitarianDay
#RealLifeHeroes
Официјално лого: www.un.org
https://www.un.org/sites/un2.un.org/files/2020-whd_logo.png