Денеска увид на улицата во придружба со претседателот на Советот на Општината, Дарио Шимиќ, членовите на Советот, Дарко Филиповски и Тодор Костадиновски, направи градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски.
За четири месеци, жителите на ул. „Христо Татарчев“, крак 14 повеќе нема да имаат проблем со одведувањето на атмосферските води, а ќе имаат и целосно асфалтирана улица. ЈП „Водовод и канализација“ на истата улица, во должина од 200 метри менува дел од постоечката водоводна мрежа.
Општина Кисела Вода во насока на подобрување на инфраструктурата на својата територија досега реализираше бројни проекти.
Локалната самоуправа со истото темпо ќе продолжи да работи и во иднина.