09/03 2020
Во периодот што следува, Општината, ќе продолжи да дава придонес за побрзо надминување на кризата со вирусот, ќе продолжи да спроведува акции за дезинфекција на урбаната опрема во парковите, детските и спортските игралишта.
Покрај извршената дезинфекција во градинките и училиштата, во истите повторно ќе биде извршена дезинфекција.
Вирусот Ковид -19, ќе биде победен, доколку во целост се почитуваат препораките кои ги даваат Владата и Министерството за здравство.