Во текот на изминатите денови, вработените во градинките извршија целосно генерално чистење на објектите, на целата опрема и инвентарот во занималните, кујната, магацините, пералните, собите за изолација, административните и други простории во објектите, а во следните денови ќе се изврши и целосна дезинфекција на сите објекти кои ќе ги отворат вратите за нашите најмали сограѓани. Обезбедени се и доволни средства за одржување на општата и лична хигиена, средства за дезинфекција на вработените и просторот.
Истовремено, во двете градинки е обезбедено и доволно лична заштитна опрема (маски и ракавици) за вработените, а во следниот период општина Кисела Вода ќе обезбеди и донација во вид на заштитни визири за целиот персонал во јавните детски градинки.
Занималните и инвентарот се подготвуваат во согласност со Протоколите за згрижување на деца во детските градинки во време на Корона кризата, а престојот на децата ќе се организира на таков начин што ќе се избегне меѓусебен контакт на различни воспитни групи на деца (сместени во одделени простории).