09/15 2020
По соопштение од РЦУК, Општина Кисела Вода информира дека утре во временскиот период од 12:00 до 15:30 часот без струја ќе останат корисниците од улицата „Благоја Гојан“, како и уличките кои водат до неа. Од 11:00 до 14:00 часот без напојување со електрична енергија ќе бидат корисниците од булеварот „Борис Трајковски“, подулица број 9 – објекти во близина на пругите кон Цементарница.