10/01 2020
Општина Кисела Вода информира дека утре од 09:00 часот без вода ќе останат корисниците од ул. „Вера Јоциќ“ и дел од ул.„Ѓорѓи Димитров“.
Од ЈП „Водовод и канализација“ соопштија дека прекинот ќе биде поради поврзвување на нова водоводна мрежа на ул. „Вера Јоциќ“, раскрсница со ул.„Тодор Паница“ и истиот ќе трае се до завршување на работните активности.